37 Во оние денови се разболе и умре; ја искапија и ја ставија во горната соба.
38 А бидејќи Лида е близу до Јопија, учениците чуја дека Петар е во Лида и испратија при него два човека со молба: „Не се двоуми да дојдеш до нас!”
39 А Петар стана и отиде со нив. Кога дојде, го одведоа во собата; и му пристапија сите вдовици плачејќи и покажувајќи му ги туниките и облеките, што ги правеше Срна додека беше со нив.
40 А Петар ги истера сите надвор, клекна на колена и се помоли; и се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!” А таа ги отвори очите, и кога го виде Петра седна.
41 А тој и ја подаде раката и ја подигна. Потоа ги повика светите и вдовиците и им ја покажа жива.
42 Тоа се разгласи по сета Јопија и мнозина поверуваа во Господа.
43 Тој пак остана многу денови во Јопија, кај некојси кожар Симон.