Матеј 1 MK2006D

Родословот на Господ Исус Христос

1 Книга за родословот на Исус Христос, син Давидов, син Авраамов.

2 Авраам го роди Исаак, Исаак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа;

3 Јуда ги роди Фарес и Зара, со Тамара; Фарес го роди Есром, а Есром го роди Арам;

4 Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Салмон;

5 Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј;

6 Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид со жената на Урија го роди Соломон;

7 Соломон го роди Ровоам; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса;

8 Аса го роди Јосафат; Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија;

9 Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија;

10 Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија;

11 Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон.

12 А по вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел;

13 Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор;

14 Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд;

15 Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков;

16 Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.

17 И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четиринаесет родови; а и од преселувањето вавилонско до Христос – родови четиринаесет.

Раѓањето на Исус Христос

18 А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека зачнала од Светиот Дух.

19 А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти.

20 Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, твојата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.

21 Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“

22 А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:

23 „Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“

24 Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими за своја жена.

25 И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28