20 Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, твојата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.
21 Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“
22 А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:
23 „Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“
24 Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими за своја жена.
25 И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.