1 Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивјето, а учениците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат.
2 Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, учениците Твои прават што не е допуштено во сабота!“
3 А Тој им рече: „Не сте ли читале што направи Давид, кога огладне тој и оние што беа со него?
4 Како влезе во домот Божји, ги изеде лебовите на предложението, што не требаше да ги јаде ниту тој, ниту оние што беа со него, туку само свештениците.