11 А Тој им рече: „Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во сабота во јама, што не ќе ја прифати и извади?
12 А колку ли, пак, човекот е поскап од една овца!? И така во сабота е допуштено да се прави добро.“
13 Тогаш му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ И тој ја испружи. И таа стана здрава како и другата.
14 А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат. Но Исус кога разбра, замина оттаму.
15 И по него одеше многу народ и Тој ги исцели сите.
16 И им забрани да разгласуваат за Него.
17 За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: