15 И по него одеше многу народ и Тој ги исцели сите.
16 И им забрани да разгласуваат за Него.
17 За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели:
18 „Ете Го слугата Мој; Него Го избрав, Мојот возљубен, Којшто е по благоволението на Мојата душа. Ќе го положам Духот Свој над Него и на народите ќе им објави суд;
19 Нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе гласот Негов по крстопатите.
20 Трските прекршени нема да ги докрши, ниту светилата кои тлеат ќе ги угасне, додека не го доведе судот до победа.
21 И во Неговото име народите ќе се надеваат.“