19 Нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе гласот Негов по крстопатите.
20 Трските прекршени нема да ги докрши, ниту светилата кои тлеат ќе ги угасне, додека не го доведе судот до победа.
21 И во Неговото име народите ќе се надеваат.“
22 Тогаш доведоа кај Него еден бесомачен, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори.
23 И сиот народ се чудеше и велеше: „Не е ли Овој Христос, синот Давидов?“
24 А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Тој не ги истерува демоните на друг начин освен преку Велзевул, началникот на демоните!“
25 Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раздели самото против себе, запустува; и секој град или дом, ако се раздели самиот против себе, ќе пропадне.