21 И во Неговото име народите ќе се надеваат.“
22 Тогаш доведоа кај Него еден бесомачен, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори.
23 И сиот народ се чудеше и велеше: „Не е ли Овој Христос, синот Давидов?“
24 А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Тој не ги истерува демоните на друг начин освен преку Велзевул, началникот на демоните!“
25 Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раздели самото против себе, запустува; и секој град или дом, ако се раздели самиот против себе, ќе пропадне.
26 И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како може да опстане царството негово?
27 И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, синовите ваши, преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии.