28 Ако, пак, Јас истерувам демони со Духот Божји, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо.
29 Или, како може да влезе некој во куќата на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, па дури тогаш да му ја ограби куќата?
30 Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура.
31 Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето.
32 И ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ниту на овој век, ниту на идниот.“
33 „Или, ако насадите добро дрво и плодот ќе му биде добар; а ако насадите лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото.
34 Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зашто од преполнетото срце зборува устата.