3 А Тој им рече: „Не сте ли читале што направи Давид, кога огладне тој и оние што беа со него?
4 Како влезе во домот Божји, ги изеде лебовите на предложението, што не требаше да ги јаде ниту тој, ниту оние што беа со него, туку само свештениците.
5 Или, не сте ли читале во Законот дека во сабота свештениците ја нарушуваат саботата и пак не се виновни?
6 Но Јас ви велам дека тука е Оној Кој е поголем од храмот;
7 и, ако знаевте што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините;
8 Зашто Синот Човечки е господар и на саботата.“
9 И штом замина оттаму, дојде во синагогата нивна.