41 Ниневјаните ќе излезат на суд со овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете, тука има поголем од Јона.
42 И царицата јужна ќе излезе на суд со овој род и ќе го осуди; зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон, но ете, тука е многу поголем од Соломон.“
43 „Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој и не го наоѓа;
44 тогаш ќе рече: ‚Да се вратам во мојот дом, откаде што излегов.‘ И штом дојде го наоѓа празен, изметен и уреден.
45 Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со овој зол род.“
46 И додека му зборуваше на народот, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него.
47 Некој Му кажа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“