Матеј 12:42-48 MK2006D

42 И царицата јужна ќе излезе на суд со овој род и ќе го осуди; зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон, но ете, тука е многу поголем од Соломон.“

43 „Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој и не го наоѓа;

44 тогаш ќе рече: ‚Да се вратам во мојот дом, откаде што излегов.‘ И штом дојде го наоѓа празен, изметен и уреден.

45 Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со овој зол род.“

46 И додека му зборуваше на народот, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него.

47 Некој Му кажа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“

48 Тој му одговори на оној што Му кажа и рече: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?“