6 Но Јас ви велам дека тука е Оној Кој е поголем од храмот;
7 и, ако знаевте што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините;
8 Зашто Синот Човечки е господар и на саботата.“
9 И штом замина оттаму, дојде во синагогата нивна.
10 И ете, таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обвинат, Го прашаа, велејќи: „Допуштено ли е во сабота да се лекува?“
11 А Тој им рече: „Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во сабота во јама, што не ќе ја прифати и извади?
12 А колку ли, пак, човекот е поскап од една овца!? И така во сабота е допуштено да се прави добро.“