Матеј 13:11-17 MK2006D

11 А Тој им одговори и рече: „Затоа вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.

12 Бидејќи, кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има.

13 Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбираат;

14 и над нив се исполнува пророштвото на Исаија, кој вели: ‚Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите;

15 срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се покајат и да ги исцелам.‘

16 Вашите, пак, очи се блажени, бидејќи гледаат и ушите ваши – бидејќи слушаат;

17 зашто вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.“