16 Вашите, пак, очи се блажени, бидејќи гледаат и ушите ваши – бидејќи слушаат;
17 зашто вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.“
18 „Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот.
19 Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граба посеаното во срцето негово; ете, тоа е посеаното покрај патот.
20 А посеаното на камен е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима;
21 но нема во себе корен и е непостојан: дојде ли неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
22 Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижата од овој свет и примамливоста на богатството го задушуваат словото и тоа останува без род.