2 И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот.
3 И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее;
4 и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги исколваа.
5 Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше длабока.
6 Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија.
7 Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.
8 Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.