21 но нема во себе корен и е непостојан: дојде ли неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
22 Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижата од овој свет и примамливоста на богатството го задушуваат словото и тоа останува без род.
23 А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и кој дава род, па донесува: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“
24 И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива.
25 Но, додека спиеја луѓето, дојде неговиот непријател и посеја меѓу житото какол, па си отиде.
26 А кога израсна растението и донесе род, тогаш се појави и каколот.
27 И кога дојдоа слугите на стопанот, му рекоа: ‚Господаре, нели добро семе посеа на нивата своја? Од каде сега, пак, овој какол во неа?‘