31 И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на синапово зрно, кое човек го зел и го посеал на нивата своја;
32 Тоа е најмало од сите семиња, но кога ќе израсне, поголемо е од сите зеленчуци, па станува дури и дрво, така што птиците небески долетуваат и се вгнездуваат на неговите гранки.“
33 И друга парабола им кажа: „Царството небесно прилега на квас, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.“
34 Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо;
35 за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: „Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот.“
36 Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците Му пристапија и Му рекоа: „Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата!“
37 А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.