37 А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.
38 Нивата е светот; доброто семе се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот;
39 Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите.
40 И така, како што се собира каколот и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет.
41 Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите соблазни од Неговото царство, и оние што вршат беззаконие,
42 и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе има плач и крцкање со заби.
43 Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“