4 и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги исколваа.
5 Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше длабока.
6 Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија.
7 Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.
8 Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.
9 Кој има уши да слуша, нека чуе.“
10 И кога пријдоа до Него учениците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“