40 И така, како што се собира каколот и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет.
41 Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе ги соберат сите соблазни од Неговото царство, и оние што вршат беззаконие,
42 и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе има плач и крцкање со заби.
43 Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонце во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
44 „Царството небесно прилега уште и на богатство сокриено во нива, кое го нашол човек и сокрил, па, од радост за него, оди и продава сѐ што има, и ја купува таа нива.“
45 „Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери;
46 па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.“