45 „Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери;
46 па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.“
47 „Царството небесно прилега уште и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби;
48 и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат надвор.
49 Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните,
50 и ќе ги фрлат во огнена печка: таму ќе има плач и крцкање со заби.“
51 И ги праша Исус: „Дали го разбравте сето ова?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“