49 Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните,
50 и ќе ги фрлат во огнена печка: таму ќе има плач и крцкање со заби.“
51 И ги праша Исус: „Дали го разбравте сето ова?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“
52 А Тој им рече: „Затоа секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од својата ризница ново и старо.“
53 И, откако ги кажа Исус овие параболи, си замина оттаму.
54 А штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во синагогата нивна, така што сите се чудеа и велеа: „Од каде кај Него ваква мудрост и моќ?
55 Нели е Овој син на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, и браќата Негови – Јаков и Јосија, Симон и Јуда?