52 А Тој им рече: „Затоа секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од својата ризница ново и старо.“
53 И, откако ги кажа Исус овие параболи, си замина оттаму.
54 А штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во синагогата нивна, така што сите се чудеа и велеа: „Од каде кај Него ваква мудрост и моќ?
55 Нели е Овој син на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, и браќата Негови – Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
56 И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа кај Него?“
57 И се соблазнуваа заради Него. А Исус им рече: „Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.“
58 И не направи таму многу чуда поради нивното неверие.