8 Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.
9 Кој има уши да слуша, нека чуе.“
10 И кога пријдоа до Него учениците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“
11 А Тој им одговори и рече: „Затоа вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.
12 Бидејќи, кој има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а кој нема, ќе му се земе и она што го има.
13 Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбираат;
14 и над нив се исполнува пророштвото на Исаија, кој вели: ‚Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите;