1 Во тоа време гласот за Исус го слушна и четворовласникот Ирод,
2 кој им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, па затоа и стануваат чуда преку него!“
3 Зашто Ирод, откако го фати Јован, го врза и го фрли во затвор заради Иродијада, жената на брат му Филип;
4 бидејќи Јован му велеше: „Не ти е допуштено да ја имаш неа!“