16 Но, Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“
17 А тие Му рекоа: „Ние имаме само пет леба и две риби.“
18 Тој им рече: „Донесете Ми ги тука!“
19 И откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот.
20 И јадеа сите и се наситија; и собраа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.
21 А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, покрај жените и децата.
22 И веднаш ги присили Исус учениците Свои да влезат во коработ и да минат на другата страна пред Него, додека Тој да го распушти народот.