2 кој им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, па затоа и стануваат чуда преку него!“
3 Зашто Ирод, откако го фати Јован, го врза и го фрли во затвор заради Иродијада, жената на брат му Филип;
4 бидејќи Јован му велеше: „Не ти е допуштено да ја имаш неа!“
5 И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто го сметаа за пророк.
6 А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод;
7 затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара.
8 И таа, поучена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јован Крстител!“