21 А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, покрај жените и децата.
22 И веднаш ги присили Исус учениците Свои да влезат во коработ и да минат на другата страна пред Него, додека Тој да го распушти народот.
23 Па штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.
24 А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот дуваше спротивно.
25 Но на четвртата стража преку ноќта, дојде Исус кај нив, одејќи по морето.
26 А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв извикаа.
27 Но, Исус веднаш им прозборе, велејќи: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“