26 А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв извикаа.
27 Но, Исус веднаш им прозборе, велејќи: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“
28 А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“
29 И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да дојде кај Исуса;
30 но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и извика: „Господи, спаси ме!“
31 Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?“
32 И кога влегоа во коработ, ветрот престана.