6 А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод;
7 затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара.
8 И таа, поучена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јован Крстител!“
9 И се натажи царот; но, заради заклетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат.
10 Па прати, та ја отсекоа главата на Јован во затворот.
11 И ја донесоа главата негова на чинија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си.
12 Учениците, пак, негови, дојдоа, го земаа неговото тело и го погребаа; и го известија Исуса.