9 И се натажи царот; но, заради заклетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат.
10 Па прати, та ја отсекоа главата на Јован во затворот.
11 И ја донесоа главата негова на чинија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си.
12 Учениците, пак, негови, дојдоа, го земаа неговото тело и го погребаа; и го известија Исуса.
13 Штом го чу тоа Исус, замина оттаму со кораб во пусто место, насамо; а народот, штом слушна за тоа, тргна по Него пеш од градовите.
14 И кога излезе Исус, виде многу народ; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни.
15 А на стемнување Му пријдоа учениците Негови и рекоа: „Местово е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“