10 И учениците Негови Го запрашаа, говорејќи: „Зошто, пак, книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“
11 Исус им одговори и рече: „Илија ќе дојде претходно и ќе уреди сѐ;
12 но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија сѐ што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.“
13 Тогаш учениците разбраа дека Тој им зборува за Јован Крстител.
14 Кога дојдоа кај народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена
15 и рече: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто е месечар и многу се мачи; често паѓа во оган и често – во вода;
16 го доведов кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“