15 и рече: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто е месечар и многу се мачи; често паѓа во оган и често – во вода;
16 го доведов кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“
17 А Исус одговори и рече: „О, роде безверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!“
18 И му нареди Исус и демонот излезе од него; и момчето оздраве во тој час.
19 Тогаш учениците пристапија кон Исус насамо и Му рекоа: „Зошто не можевме ние да го истераме?“
20 А Исус им рече: „Заради вашето безверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа планина: ‚Премести се одовде таму!‘ И таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно.
21 Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.“