20 А Исус им рече: „Заради вашето безверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа планина: ‚Премести се одовде таму!‘ И таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно.
21 Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.“
22 А кога беа во Галилеја, Исус им рече: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки,
23 и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“ И тие многу се нажалија.
24 А кога пристигнаа во Капернаум, му пристапија на Петар оние што собираа дидрахми и му рекоа: „Учителот ваш не плаќа ли дидрахми?“
25 Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Што мислиш, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?“
26 Петар Му одговори: „Од туѓите.“ Исус му рече: „Значи, синовите се ослободени;