24 А кога пристигнаа во Капернаум, му пристапија на Петар оние што собираа дидрахми и му рекоа: „Учителот ваш не плаќа ли дидрахми?“
25 Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Што мислиш, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?“
26 Петар Му одговори: „Од туѓите.“ Исус му рече: „Значи, синовите се ослободени;
27 но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба што ќе ја уловиш, земи ја; и, кога ќе ѝ ја отвориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го за Мене и за себе!“