4 Тогаш Петар Му одговори на Исус и рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“
5 Додека уште говореше, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!“
6 И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија.
7 Но Исус, откако им пријде, се допре до нив и им рече: „Станете и не плашете се!“
8 А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа никој друг освен Исус.
9 А кога слегуваа од гората, Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!“
10 И учениците Негови Го запрашаа, говорејќи: „Зошто, пак, книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“