6 И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија.
7 Но Исус, откако им пријде, се допре до нив и им рече: „Станете и не плашете се!“
8 А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа никој друг освен Исус.
9 А кога слегуваа од гората, Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!“
10 И учениците Негови Го запрашаа, говорејќи: „Зошто, пак, книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“
11 Исус им одговори и рече: „Илија ќе дојде претходно и ќе уреди сѐ;
12 но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија сѐ што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.“