1 Во тој час Му пристапија учениците до Исуса и рекоа: „Кој е најголем во царството небесно?“
2 И Исус повика едно дете, го постави меѓу нив
3 и им рече: „Вистина ви велам, ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно:
4 кој, пак, ќе се понизи како ова дете, тој е најголем во царството небесно;
5 и кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“