11 Зашто Синот Човечки дојде да го бара и спаси загубеното.
12 Што мислите? Ако некој човек има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената?
13 Па, ако ја најде, вистина ви велам, ве уверувам дека ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени.
14 Така, не е волја на вашиот Отец небесен да загине ниедно од овие мали.“
15 „Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си;
16 ако не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;
17 ако, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на Црквата; па, ако и Црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и цариник.“