14 Така, не е волја на вашиот Отец небесен да загине ниедно од овие мали.“
15 „Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си;
16 ако не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;
17 ако, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на Црквата; па, ако и Црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и цариник.“
18 „Вистина ви велам: сѐ што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што ќе разрешите на земјата, ќе биде разрешено и на небото.
19 Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец, Кој е на небесата;
20 зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив.“