18 „Вистина ви велам: сѐ што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што ќе разрешите на земјата, ќе биде разрешено и на небото.
19 Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец, Кој е на небесата;
20 зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив.“
21 Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: „Господи, колкупати да му простам на брата ми, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?“
22 Исус му одговори: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум.“
23 „Затоа царството небесно прилега на цар кој сакал да ја расчисти сметката со своите слуги.
24 Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа кај него еден што му должеше десет илјади таланти;