2 И Исус повика едно дете, го постави меѓу нив
3 и им рече: „Вистина ви велам, ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно:
4 кој, пак, ќе се понизи како ова дете, тој е најголем во царството небесно;
5 и кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“
6 „Кој ќе соблазни едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морска длабочина.
7 Тешко му на светот од соблазни, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната.
8 Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот куц или сакат, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган;