25 па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сѐ што имаше, за да наплати.
26 Тогаш тој слуга падна и му се поклонуваше говорејќи: ‚Господаре, стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти платам.‘
27 А господарот на тој слуга се смилува, го пушти и му го прости долгот.
28 Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто денарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ‚Врати ми што ми должиш!‘
29 Тогаш неговиот другар падна пред нозете негови, го молеше и велеше: ‚Стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!‘
30 Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека не му го исплати долгот.
31 Другарите, пак, негови, кога видоа што се случи, многу се натажија, па откако отидоа, му кажаа на својот господар за сѐ што се случи.