30 Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека не му го исплати долгот.
31 Другарите, пак, негови, кога видоа што се случи, многу се натажија, па откако отидоа, му кажаа на својот господар за сѐ што се случи.
32 Тогаш господарот негов го повика и му рече: ‚Зол слуго, јас ти го простив оној долг, зашто ме молеше;
33 не требаше ли и ти да се смилуваш над својот другар, како што се смилував и јас над тебе?‘
34 И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот долг.
35 Така и Мојот Отец небесен ќе постапи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце грешките на брата си.“