4 кој, пак, ќе се понизи како ова дете, тој е најголем во царството небесно;
5 и кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“
6 „Кој ќе соблазни едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морска длабочина.
7 Тешко му на светот од соблазни, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната.
8 Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот куц или сакат, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган;
9 и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да бидеш фрлен во огнениот пекол.“
10 „Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата постојано го гледаат лицето на Мојот Отец небесен.