13 Тогаш кај Него доведоа деца, за да ги положи рацете над нив и да се помоли, а учениците им забрануваа.
14 Но Исус рече: „Оставете ги децата и не бранете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно.“
15 И откако ги положи рацете над нив, си отиде оттаму.
16 И ете, еден човек, кога пристапи до него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?“
17 А Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“
18 Тој Му рече: „Кои?“ А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно;
19 почитувај го татка си и мајка си; љуби го ближниот свој како себеси!“