20 Младичот Му рече: „Сето тоа сум го запазил од својата младост; што уште ми недостасува?“
21 Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене!“
22 Штом го чу младиот човек кажаново, си отиде натажен, бидејќи имаше многу имот.
23 А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, дека богат тешко ќе влезе во царството небесно;
24 и уште ви велам: полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.“
25 Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“
26 А Исус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно.“