24 и уште ви велам: полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.“
25 Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“
26 А Исус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно.“
27 Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сѐ, и по Тебе појдовме: што ќе стане, со нас?“
28 А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие што врвите по Мене, во новиот свет, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви колена;
29 и секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе добие стопати повеќе и ќе наследи живот вечен.
30 Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.“