6 Па така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. А Бог што соединил човек да не разделува.“
7 Тие Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да се даде разводно писмо и таа да се отпушти?“
8 Тој им рече: „Заради тврдокорноста на вашите срца Мојсеј ви дозволи да ги отпуштате жените свои; но во почетокот не беше така.
9 Јас, пак, ви велам: оној што ќе ја остави својата жена, освен заради прељуба, и се ожени со друга, тој врши прељуба; и оној, што ќе се ожени со напуштена, исто така прељубодејствува.“
10 Учениците Негови Му рекоа: „Ако е таква положбата на човекот кон жената, подобро да не се жени!“
11 А Тој им рече: „Не може секој да го прифати кажаново, освен оние на кои им е дадено;
12 зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и скопени, кои самите себе се скопиле заради царството небесно. Кој може да прифати, нека прифати.“